3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volvo“ го распродаде новиот електричен „SUV“, прекинати нарачките

„Volvo“ го распродаде новиот електричен „SUV“, прекинати нарачките

„EX90“ е првиот голем „SUV“ од „Volvo“ со електричен погон, а како што стојат работите, тој е и првиот пазарен хит на „Volvo“ по многу успешниот „XC60“. Новитетот буквално го освои пазарот, дури до одреден степен го изненади и самиот производител.

Верувале или не, целото овогодишно производство е распродадено, а од компанијата велат дека одговорот на пазарот ги надминал најхрабрите и најамбициозните внатрешни предвидувања. Затоа шведскиот производител е принуден да ги прекине нарачките до натамошно известување, односно додека не се намали листата на чекање.

За потсетување, „Volvo EX90“ ја користи механичката платформа „SPA2“, наменета за електрични модели, како и „Polestar 3“.

Кинескиот „Geely“, кој е сопственик на шведската марка, очигледно заврши одлична работа, особено со вклучувањето на третиот ред седишта. Основната верзија има „AWD“ погон со два електромотори, додека возачот има на располагање 408 ks и 770 Nm максимален вртежен момент.

Ако ја изберете помоќната верзија „Performance“, сметајте на 517 ks и дури 910 Nm вртежен момент.

Импресивна е и батеријата со капацитет од 107 kWh, која е компатибилна со полначи со моќност до 250 kW.

Автономијата со едно полнење на батеријата е 580 km, според „WLTP“.

„Volvo EX90“ стартува со цена од 102.300 евра во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП