11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLixil го презема Grohe

Lixil го презема Grohe

grohe1

Јапонскиот „Lixil“, производител на опрема за домаќинства се договори за купувањето на германскиот производител на опрема за бањи.  За 87,5  проценти во „Grohe“, јапонската компанија ќе плати 4,13 милијарди американски долари.

Моменталниот сопственик на овој удел е финансискиот инвеститор „TPG Capital“. Ова е најголемото преземање на јапoнската компанија во Европа , како и втората најголема трансакција во Јапонија оваа година.

„Lixil“ во овој проект се вклучува заедно со Јапонската банка за развој, чии инвестиции се поделени на половина.

Со ова преземање „Lixil“ сака да ја зајакне својата пазарна положба во Европа, каде остварува околу 18 проценти од приходите кои изнесуваат околу 15 милијарди долари.

Имено, во 2011 година компанијата од Токио ја преземала италијанската градежна компанија „Permasteelisa SpA“ за околу 575 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП