18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали „Skoda“ се откажува од еден од најпопуларните модели?

Дали „Skoda“ се откажува од еден од најпопуларните модели?

Очигледно, „Volkswagen Polo“ нема да биде единствениот модел на германската групација кој го плаќа данокот од воведувањето на нормата Еуро 7.

Сегашната генерација на „Ѕkoda Fabia“ е на сцената од 2021-ва година, но овој пат понудата не е проширена на попрактична караван верзија, ниту пак ќе се случи. Според сегашните информации, приказната би можела да оди во сосема поинаква насока кога станува збор за самата „Fabia“.

Кога станува збор за тоа мрачно сценарио, тоа е веќе видено во случајот на „Volkswagen“, кој е се поблиску до прекин на производството на моделот „Polo“.

Шефот на „Skoda“, Клаус Целмер, во неодамнешното интервју за „Autocar“ изјави дека приспособувањето на стандардите Eуро 7 ќе ја направи„ Fabia“ прескапа и луѓето повеќе нема да ја купуваат.

„Затоа, доколку помине регулативата Еуро 7, нема да може да се одржи присуство во Б сегментот, барем не во однос на компактите со пристапни цени“, вели Целмер.

Потсетуваме, истата приказна неодамна пристигна и од „Volkswagen“, во врска со моделот „Polo“. Тогаш се зборуваше дека воведувањето построги стандарди автоматски ќе значи и поскапување на овој автомобил за 5.000 евра.

Сепак, пресметките на Европската комисија велат дека се работи за многу помало поскапување од околу 300 евра. Некој очигледно не ја кажува вистината.

Ако се земе предвид дека „Audi“ веќе одлучи да го откаже моделот „А1“, излегува дека единствениот од германската групација кој би можел да остане во тој сегмент е „Seat Ibiza“. Но и овде веројатно се работи за „одржување во живот“ уште неколку месеци.

Наскоро, најевтиниот модел во гамата на „Volkswagen“ би можел да биде електричниот „ID.2“ и неговите сродни близнаци од другите марки.

Во тој случај станува збор за почетна цена од 25.000 евра.

„Skoda Fabia“ моментално стартува во Германија по цена од околу 18.000 евра, „Seat Ibiza“ од околу 16.500 евра, а „VW Polo“ од 19.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП