20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ произведе и продаде рекорден број автомобили

„Toyota“ произведе и продаде рекорден број автомобили

Јапонската компанија „Toyota“ и нејзините подружници „Daihatsu“ и „Hino“ во фискалната 2022-ра година (од 1-ви април 2022-ра до 31-ви март 2023-та година) произведоа и продадоа рекорден број возила ширум светот. Ова го покажува објавената статистика на концернот.

Според овие бројки, во изминатата финансиска година компанијата произведе 10,73 милиони возила, продавајќи 10,56 милиони ширум светот. Овие бројки се зголемија за 6,6% и 1,7%, соодветно, поставувајќи рекорд за целокупното постоење на групата компании. Претходниот рекорд за водечкиот јапонски производител беше во фискалната 2018-та година.

Надвор од Јапонија, продадени се 8,5 милиони возила, што исто така е рекорд. Друго достигнување беше лансирањето на автомобили во март, со повеќе од 1 милион произведени за тој месец.

Во меѓувреме, „Toyota“ произведе и продаде 10,51 милиони и 10,48 милиони возила на глобално ниво во календарската 2022-ра година, според податоците објавени на почетокот на годината, надминувајќи го својот главен конкурент „Volkswagen“ во продажба трета година по ред. Во 2022-ра година, Германците продале 8,26 милиони автомобили.

„Toyota“ и „Volkswagen“ во последните години се борат за лидерство во продажбата. Во 2020-та година, по четиригодишна пауза, „Toyota“ го врати своето лидерство во овој показател и оттогаш разликата меѓу гигантите расте секоја година.

Добриот раст на побарувачката во Азија, како и одредено олеснување на проблемите со снабдувањето со микропроцесори и отстранувањето на строгите ограничувања поради Ковид-19, и овозможија на компанијата да достигне такви показатели.

Сепак, „Toyota Motor“ во својот извештај предупреди дека продолжува да ги чувствува долгорочните ефекти од недостигот на микропроцесори предизвикан од пандемијата. Компанијата не објави прогнози за тековната финансиска година со образложение дека „ситуацијата и понатаму е тешка“.

Според извештајот, најголемиот пазар за „Toyota“ во последната финансиска година бил Азија, каде биле продадени 3,3 милиони возила. Меѓу азиските земји, Кина останува најголем купувач – 1,9 милиони.

Втор по големина пазар е Северна Америка, каде се продадени 2,4 милиони, од кои 2 милиони во САД. На трето место е самиот јапонски пазар (1,4 милиони автомобили). Европејците купија 1,04 милиони автомобили во текот на годината (зголемување од 2,1%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП