19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите со триумф над Луксембург заверија пласман на ЕП 2024

Ракометарите со триумф над Луксембург заверија пласман на ЕП 2024

Мaшката ракометна репрезентација на Македонија го завери пласманот на Европското првенство 2024, откако ја исполни целта и го победи Луксембург на гости со 23:28. В недела во Скопје, нашите ракометари ќе ја пречекаат Турција и со оглед на разликата во квалитет и на победата од првиот натпревар, само ќе стават шлаг на добрите квалификации.

Луксембург се држеше во ритам дваесетина минути, но Македонија сепак успеа да се одлепи пред полувремето и замина со три гола предност (11:14).

Голманот Марко Кизиќ имаше 10 одбрани, Филип Талески постигна осум гола, а следеа Кузмановски и Серафимов со по четири.

Најефикасен не мечот беше домашниот ракометар Кајсен кој постигна 10 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП