3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиХ: Зголемен бројот на невработени лица

БиХ: Зголемен бројот на невработени лица

bosna2

Во Босна и Херцеговина во јули во евиденциите на Заводот за вработување биле регистрирани 553,036 невработени лица, пренесува Агенцијата за статистика на БиХ.

Најмногу невработени, 194,224 се високовалификувани и квалификувани лица, 157,044 се неквалификувани лица, а 142,485 се со стручно училиште.

Меѓу невработените најмал е бројот на лицата со факултетска диплома 7,821 и бројот на лицата со магистратура 38,834.

Уделот на женската популација во регистрираниот број на невработени изнесува 50,6 проценти или 279,726 лица, а најголемиот број на невработени жени е со средно образование, 84,499.

Во јули оваа година во правните субјекти на БиХ биле вработени 685,773 лица, а од тие 281,448 жени.

Во однос на јуни оваа година, бројот на вработени е намален за 0,1 проценти, а бројот на вработени жени за 0,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП