Европските компании можат да го регистрираат своето барање за гас за да учествуваат во првото заедничко купување гас на ниво на Европската унија, објави Европската комисија.
Компаниите од 27 земји-членки на ЕУ, како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина можат да ги регистрираат своите потреби за гас на онлајн платформата до 2 мај.

