3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААмериканската амбасадорка го вклучи црвениот аларм во судовите зошто предметите им застаруваат

Американската амбасадорка го вклучи црвениот аларм во судовите зошто предметите им застаруваат

Писмо од американката амбасадорка Ангела П. Агилер го вклучи црвениот аларм во судовите. Таа изразила загриженост затоа што предмети во кои обвинети се високопрофилни личности застаруваат, а откако Апелација ги враќа на повторно судење. Ова било испратено до Владата, Министерството за правда, но и до Апелација, Врховен суд, Кривичен суд како и Судскиот совет. Реакција имало веднаш, врховната судијка Беса Адеми одржала состанок со апелационите судови и донеле заклучок – мора да се постапува ефикасно и ажурно.

„По предметите од висок јавен интерес ажурно да се постапува и да се одлучува во согласност со законот и прописите, а со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил. Ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес да биде составен дел од планот за работа на судовите, внатрешните процедури и планираните активности во согласност со стратешките документи за независноста на судството, интегритетот на судиите, транспаретноста, борбата против корупцијата и напредокот на земјата во делот на правосудтсвото. Да се направат напори од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија да се пополнат испразнетите судиски места, што непосредно влијае врз ефикасното работење на судовите“, гласи Заклучокот од работниот состанок кој се одржал на 13 април.

Неофицијално, се шпекулира дека американската амбасадорка им посочила на сите до кои писмото е испратено, дека постои неспособност кај судовите брзо да ги процесираат предметите. Била децидна дека тоа ја намалува довербата во судовите.

Апелација ги врати судските предмети „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, „Трезор“ за набавката на британска опрема за следење на комуникациите, „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Во сите предмети е обвинет ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој е на т.н. црна листа на САД. Праќањето на „Титаник 2“ од суд во суд, доведе до застарување на делото на Мијалков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП