12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗаборавете на Ctrl + Alt + Del, еве една подобра кратенка!

Заборавете на Ctrl + Alt + Del, еве една подобра кратенка!

tastatura

Неодамна, и самиот основач на Microsoft Бил Гејтс конечно призна дека неопходната команда за логирање на корисниците Ctrl + Alt + Del била грешка. Сепак, голем број корисници биле заљубени во оваа кратенка. Тоа не е причина да не размислувате за следниве препораки.

Британскиот Дејли Телеграф објави листа на десет многу корисни кратенки за кои можеби несте знаеле, но можат да ви го олеснат работењето на компјутерите.

 

Затворање на пребарувачот

Без разлика дали вашиот шеф изненадно влегол во канцеларијата или вашата сакана неочекувано дојде дома порано од работа, се што сте правеле на компјутерот или на интернет може да исчезне многу лесно.

 

Pc: Alt + F4

Mac: Apple копчето + Q

 

Прикажување на десктопот

Ако сте еден од оние луѓе кои во исто време се отвораат огромен број на “прозорци” додека работите на компјутер, еве како лесно можете да дојдете до вашиот десктоп, исто како што да можете да ги расчистите сите хартии од бирото со еден потег.

 

Pc: Windows копчето + D

Mac: F11

 

Додадете Bookmark

Креирате кратенка до вашите омилени веб-сајтови со овој едноставен трик.

 

Pc: Ctrl + D

Mac: Apple копчето + D

 

Трајно бришење на фајлови

Кога знаете дека нешто засекогаш сакате да го избришете од вашиот компјутер, нема потреба прво да го испраќате во “Recycle Bin”. Едноставно користете ја следнава кратенка.

 

Pc: Shift + Delete

 

Зумирајте страница

Без оглед на тоа дали правите нешто на интернет или во некој документ, на пример во Word, зумирањето е многу полесно со оваа кратенка .

 

Pc: Ctrl + скролајте на глувчето

Mac: Apple копчето + копчето “плус” и за одзумирање Apple копчето + копчето “минус”

 

Отворете  “прозорец ” кој предмалку сте го затвориле

Сигурно барем еднаш ви се случило случајно да кликнете на копчето за затворање наместо за минимизирање. Во вакви или слични ситуации, оваа кратенка добро ќе ви дојде.

 

Pc: Ctrl + Shift + T

Mac: Apple копчето + Z

 

 

Проверка на граматиката / грешки во пишување

Иако оваа кратенка работи многу подобро кога станува збор за англиски јазик, понекогаш може да биде доста корисна.

 

Pc или Mac : F7

 

Додадете “http://www ” во вашиот адреса бар

Доколку сакате, можете само да го напишете името на страницата што сакате да ја посетите, на пример denar.mk a интернет префиксот додадете го со оваа кратенка.

 

Pc: Ctrl + Enter

Mac: Apple копчето + Enter

 

Доколку сте веќе запознаени со сите понудени “тајни”, а во исто време знаете за некои нови, споделете ги со нас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП