1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден официјално објави дека се кандидира за нов мандат

Бајден официјално објави дека се кандидира за нов мандат

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска официјално објави дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година.

Тој побара од своите избирачи да му дадат повеќе време да ја „заврши работата“, која ја започна со заклетвата.

Бајден, најстариот американски претседател во историјата, кој би имал 86 години на крајот на вториот мандат, побара од гласачите да не се грижат за неговата возраст и за продолжување на неговиот мандат.

Американскиот претседател ја објави својата кандидатура со триминутно видео во кое вети дека ќе ја продолжи битката за „душата на нацијата“ што ја започна во 2019 година.

„Прашањето со кое се соочуваме е дали ќе имаме повеќе или помалку слобода во годините што следат. Повеќе или помалку права“, рече Бајден.

Тој додаде дека правата на абортусот, одбраната на демократијата, правото на глас и социјалната безбедносна мрежа ќе бидат меѓу најважните прашања на изборите во 2024 година.

„Слободата. Личната слобода е основна за тоа кои сме ние како Американци. Нема ништо поважно. Ништо посвето“, рече Бајден.

Во текот на викендот, американските медиуми објавија дека Бајден ја избрал високата советничка во Белата куќа Џули Чавез Родригез да ја води неговата кампања.

Во изјавата придружена со видеото објавено денеска, Бајден го потврди изборот на Родригез, долгогодишна латиноамериканска демократка со врски со поранешниот претседател Барак Обама и потпретседателката Камала Харис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП