7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтервју на гувернерот Богов за Радио Слободна Европа

Интервју на гувернерот Богов за Радио Слободна Европа

Dimitar-Bogov_1

Потребен е раст во континуитет, раст од три, четири, па и пет проценти во континуитет од повеќе години за тоа позначително да се почувствува кај сите граѓани, кај сите слоеви и кај сите претпријатија, изјави гувернерот на Народна банка на
Македонија Димитар Богов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– За оваа година нашата проекција се уште е 2,2 процента, но по објавувањето на податоците за вториот квартал за БДП, веројатно ќе дојде до поместување нагоре.Ние сега ја започнуваме новата рунда проекции која ќе биде готова некаде кон крајот на октомври, меѓутоа за очекување е дека растот на Бруто домашниот производ оваа година веројатно ќе биде над 3 насто, истакнува Богов.

Како што вели Богов во интервјуто, интересно е дека депозитите континуирано растат кај нас.

– Дури и во најтешките моменти на глобалната финансиска криза, почетокот на 2009 година ние имавме пораст на депозитите. Тешко е некогаш да се објасни од каде доаѓа тој прилив, меѓутоа укажува дека има во економијата извори што создаваат приходи, потенцијал за штедење. Значи штедењето, иако е можеби недоволно, се уште е значително во нашата земја и тој раст на депозитите е нешто понизок од оние добри години, меѓутоа е позитивен и е во континуитет, што е охрабрувачки. Економски раст во секој случај би требало да предизвика и пораст на оваа стапка на раст на депозитите- ако оваа година тие растат со 5, 6 проценти, очекуваме да се вратат на стапките од над 10 проценти, истакнува Богов.

Тој констатира дека депозитниот раст е повисок од кредитниот раст во последните неколку години.

– Можеме да констатираме дека депозитниот раст е повисок од кредитниот раст во последните неколку години, но исто така растот на депозитите е рефлексија и на немањето доволно други алтернативи за инвестирање. Знаете дека берзата е замрена, немаме некои други финансиски пазари каде што оние граѓани кои имаат штедење може да го пласираат и од тука секое штедење се пласира главно во депозити кај банките, така што тука е концентриран целиот оној потенцијал кој постои во македонската економија, изјави гувернерот Димитар Богов во интервјуто за Радио Слободна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП