17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАВСТРАЛИЈА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА ВОЕНА ДОКТРИНА, КИНА ОЗНАЧЕНА КАКО ГЛАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ: Северот...

АВСТРАЛИЈА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА ВОЕНА ДОКТРИНА, КИНА ОЗНАЧЕНА КАКО ГЛАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ: Северот на земјата се зајакнува

Австралија денеска ја претстави ревидираната воена стратегија, чија цел е да се спротивстави на „јакнењето на воените капацитети на Пекинг и да го ограничи неговото влијание“ во азиско-пацифичкиот регион.

„Денес, за прв пат по 35 години, ја ревидираме мисијата на австралиските одбранбени сили“, изјави министерот за одбрана Ричард Марлс, оценувајќи дека сегашната воена доктрина повеќе не одговара.

Новата австралиска воена доктрина се заснова, како што се вели, на одвраќање, на одржување на непријателот на растојание пред да стигне до австралиска територија и на зајакнување на крајбрежната одбрана на земјата, особено на север.

Австралија треба да троши повеќе на одбраната, да произведува сопствено оружје и да развива системи со долг дострел, бидејќи кинеското воено засилување претставува предизвик за регионалната стабилност, се вели во извештајот објавен денеска.

Новиот стратешки документ на Министерството за одбрана го оправдува ваквиот пристап кон зајакнување на воените капацитети на Пекинг, кој се спроведува без транспарентност и без давање гаранции на индо-пацифичкиот регион за стратешките намери на Кина.

„Кинеското тврдење на суверенитет во Јужното Кинеско Море го загрозува светскиот поредок во Индо-Пацификот и негативно влијае на националните интереси на Австралија“, се наведува во документот.

Канбера веќе најави развој на нова флота на подморници на нуклеарен погон.

Сепак, планот за набавка на 450 пешадиски борбени возила беше ревидиран на 129 такви возила.

Австралиските воени аналитичари со сомнеж гледаат на военото зголемување на Кина, стравувајќи дека зголемените воени способности на Пекинг ефикасно ќе ја отсечат Австралија од нејзините трговски партнери и глобалните синџири на снабдување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП