28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Ќе продолжиме со зголемување на пензии, плати, субвенции и капитални инвестиции

Ставрески: Ќе продолжиме со зголемување на пензии, плати, субвенции и капитални инвестиции

stavreski

Владата ќе продолжи со политиките на зголемување на пензии, плати, социјална помош, субвенции за земјоделците и капитални инвестиции, бидејќи се покажа дека тие политики се добри.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања во врска со критиките од опозицијата за предлог-буџетот за наредната година по средбата во Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија.

– Во изминативе години навикнавме само на критизерство од опозицијата. Никогаш не слушнавме некој позитивен или конструктивен предлог како тие би ги решиле актуелните прашања. Залудно им е што се противат на зголемувањето на пензиите и на другите мерки за заштита на стандардот на социјалните категории, зголемување на субвенциите и капиталните инвестиции, истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со таквите политики, бидејќи се покажа дека тие политики се добри и за категориите на граѓани кои ги добиваат тие зголемени средства, и за економијата која, како што рече, е меѓу подобрите во Европа во вакви тешки времиња.

– Нашата позиција ќе биде да има средства и за едното и за другото. Се што можеме ќе направиме да има зголемување на пензии, плати, социјална помош и субвенции за земјоделци и многу повеќе средства за капитални инвестиции, потенцира министерот за финансии Зоран Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП