27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНикогаш не го задржувајте кивањето! Еве што се случува тогаш

Никогаш не го задржувајте кивањето! Еве што се случува тогаш

Дали сте во јавен превоз, на работа или на некој важен состанок и едноставно ви доаѓа да кивате, но се воздржавте? Лекарите предупредуваат дека ова никогаш не треба да го правите, бидејќи не е без ризици. Кога киваме, телото доживува нагло зголемување на притисокот во синусите, носната шуплина и грлото. Задржувањето на респираторниот рефлекс предизвикува овој притисок дополнително да се зголемува, што ги доведува во опасност крвните садови.

Според д-р Стјуарт Сандерс, кивањето може да биде толку моќно што може да предизвика пукање на аневризма на мозокот.

„Аневризмата може да пукне ако артерискиот крвен притисок се зголеми и предизвика крварење што го оштетува мозокот“, рече докторот, откривајќи три причини зошто кивањето е опасно:

„Прво, задржувањето на кивавица може да доведе до ненадеен пораст на крвниот притисок со можни негативни последици. Второ, како што притисокот на воздухот во задниот дел на носот се зголемува кога се држи кивавицата, постои ризик од туркање на слуз и инфекција во средното уво. Тоа може да предизвика акутна глувост, инфекција или дури и пукање на тапанчето во екстремни околности“, објасни докторот.

Како трета причина, д-р Сандерс го наведе ризикот од акутен синузитис. Ова може да се случи ако зголемувањето на притисокот ја турка инфекцијата во синусите. Лекарите се сеќаваат на случајот со здрав 34-годишен Британец кој почувствувал болка во грлото, по што почнал да кива. Се обидел да го спречи кивањето со покривање на устата и носот. До моментот кога стигнал на лекар, тој го изгубил гласот.

Лекарите кои го прегледале можеле да слушнат звуци на крцкање кои се протегале од неговиот врат до градите. Подоцнежното испитување и снимање покажало дека силата на „обратно“ кивање го пробил фаринксот на мажот, дел од грлото под устата и носот пред хранопроводникот и гркланот. Бил примен во болница и му ставиле инфузија, и по седум дена закрепнал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП