19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден потпишува наредба? На мета е Кина

Бајден потпишува наредба? На мета е Кина

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера во наредните недели да потпише наредба со која ќе се ограничат инвестициите на американските компании во клучните делови од кинеската економија.

Според Блумберг, американската администрација дебатира за мерката речиси две години и планира да ја воведе пред самитот на Групата седум напредни економии (Г7) што треба да започне на 19 мај во Јапонија.

Според извори на агенцијата, САД наводно ги известиле партнерите од Г7 за инвестициските ограничувања и се надеваат дека ќе добијат поддршка на состанокот, иако не се очекува другите земји да објават слични ограничувања во исто време.

Наредбата што се очекува да ја потпише Бајден ги опфаќа областите на полупроводници, вештачка интелигенција и квантно пресметување, со фокус на инвестициите во кои американските фирми играат активна улога во управувањето, што вклучува т.н. ризичен капитал и приватен капитал, како и одредени форми на трансфер на технологија и заеднички вложувања и инвестиции.

Некои видови инвестиции ќе бидат целосно забранети, додека во други случаи компаниите ќе треба да ја известат владата пред да одлучат да инвестираат, пренесува Блумберг.

Овој потег означува нова фаза во повеќегодишната економска кампања против Кина, за време на која САД веќе воведоа царини за увоз од земјата во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп, а неодамна се обидоа да го ограничат извозот на клучните американски технологии во Кина.

Досега САД изјавуваа дека воведуваат ограничувања поради национална безбедност, како што истакна денеска министерката за финансии Џенет Јелен, наместо да се обидуваат да го запрат развојот на ривалската суперсила, како што тврди Пекинг.

„Овие акции насочени кон зачувување на националната безбедност не се дизајнирани да добијат конкурентна економска предност или да ја задушат економската и технолошката модернизација на Кина“, рече Јелен, додавајќи дека САД ќе ги решат своите безбедносни грижи со Кина „дури и кога тоа значи правење компромиси во однос на нашите економски интереси”.

Американските власти јасно ставија до знаење дека едностраната мерка нема да ги исполни целите на националната безбедност бидејќи инвестициите на другите земји во Кина би можеле само да го заземат местото на американските што администрацијата се подготвува да ги блокира.

Претставници на Министерството за финансии на САД оваа недела ги информирале своите европски колеги за мерката, а како што пренесува агенцијата, администрацијата почнала да споделува информации и со деловните лидери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП