26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета за намалување на холестеролот

Диета за намалување на холестеролот

TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки и бело месо.

Покрај тоа што оваа диета го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта за осум до 10 проценти, таа исто така го намалува и ризикот од појавата на срцеви болести. Овој начин на исхрана им се препорачува и на оние со предиспозиции за добивање на дијабетес тип 2, бидејќи придонесува за намалување на инсулинот во крвта.

При TLC режимот за исхрана би требало да консумирате непреработени или намирници кои не се премногу преработени. Црвеното месо и месните преработки комплетно исфрлете ги, а немасто нив консумирајте мисиркино месо, пилешко месо и риба. Секој ден би требало да јадете намирници кои содржат протеини, а во текот на неделата дозволено е да изедете најмногу две јајца. Сирењето, млекото и останатите производи се дозволени, додека маргаринот не доаѓа во предвид. Се препорачува консумацијата на зеленчук богат со влакна како што е гравот, грашокот, леќата, со цел килограмите да се стопат.

Со цел TLC режимот за исхрана да има целосен ефект ви се советува и некаков спорт, танцување или секојдневно вежбање во времетраење од половина час.

Пример мени

Прв ден

Појадок: мусли од цело зрно со немасно млеко и чаша свежо цеден сок од портокал

Ужинка: една крушка

Ручек: 100 гр грилувано пилешко месо со кафеав ориз и салата од домати

Ужинка: шака индиски ореви

Вечера: салата од туна

Втор ден

Појадок: смути од банана и шолја нискомаслено млеко

Ужинка: јаболко

Ручек: порција грашок

Ужинка: шака несолени бадеми

Вечера: салата од домати и маслинки

Трет ден

Појадок: кришка леб од цело зрно, намачкана со путер, краставица и ливче кашкавал

Ужинка: шака пуканки

Ручек: порција риба со зеленчук подготвена на пареа

Ужинка: чаша кефир

Вечера: порција грчка салата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП