19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПостојат многу причини зошто треба почесто да користите ленено масло: Ефикасно за...

Постојат многу причини зошто треба почесто да користите ленено масло: Ефикасно за чистење на крвните садови и процес на слабеење

Најверојатно многу пати сте слушнале за придобивките од лененото масло, но ретко сте обрнувале внимание на тоа. Широко се користи во медицината и козметологијата, но обичниот човек ретко го користи. А треба.

Маслото од ленено семе има толку многу важни својства кои се корисни за здравјето, па затоа има смисла да го користите секојдневно, во текот на животот.

Вредноста на ова масло за човечкото тело е условена од неговиот богат состав и од масни киселини и од макро и микроелементи. Тој е 3 пати побогат со омега-3 масни киселини од рибиното масло. Така, за оние кои не сакаат риба, ова масло е вистинско откритие.

Вообичаено, како превентивна мерка, лененото масло се конзумира на празен стомак, односно 20-30 минути пред првиот оброк. Доволно е да земете само 1-2 лажици.

Придобивките од ленено масло за телото:

За слабеење

Олеинска киселина омега-9, линолова киселина омега-6, алфа-линоленска киселина омега-3 – се ефикасни активатори за губење на тежината. Затоа, секој кој има проблем со вишокот килограми треба да обрне внимание на овој производ. Можете да го додадете во јогурти или салати или да го консумирате како независен производ.

За кардиоваскуларниот систем

Лененото масло штити од болести на кардиоваскуларниот систем, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта, а исто така го подобрува здравјето и еластичноста на крвните садови.

За женското здрсвје

Присуството на лигнин во ова масло делува на активирање на нормалната рамнотежа на хормоните во телото. Благодарение на маслото од ленено семе, менструалните болки и менопаузата полесно се поднесуваат.

За младост и убавина

Лененото масло ја нормализира работата на лојните жлезди. Исто така, маските на база на ова масло имаат подмладувачки, негувачки и антибактериски својства. Лененото масло е добро да се користи за трепките и веѓите, ефектот е многу посилен од рицинусовото масло.

Ако направите мешавина од мед, масло и лимон, ќе добиете вистински еликсир кој го подмладува целиот организам.

За да видите позитивен резултат на вашето тело, лененото масло треба да се користи не помалку од 2 месеци, дневно (по 1-2 лажици).

Треба да знаете:

Луѓето со редовна терапија треба да се консултираат со лекар пред да почнат да земаат ленено масло:

Ако земате одредени лекови против згрутчување, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Омега-3 масните киселини исто така може да ја зголемат потребата за лекови за намалување на шеќерот во крвта.

Кај пациенти кои страдаат од дијабетес, можно е нарушување поради кое телото не може да ја претвори алфа-линоленската киселина во EPA и DHA. За нив е подобро да земаат омега-3 масни киселини од риба и рибино масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП