11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Nike подобри од очекувањата

Резултатите на Nike подобри од очекувањата

nike1

Мултинационалната компанија „Nike“ објави дека во четвртиот квартал од фискалната година, завршена на 31 август, остварила нето профит вреден 780 милиони долари, во однос на 567-те милиони долари од истиот период минатата година.

Американскиот производител на спортска опрема во четвртиот квартал забележал профит по акција поголем од очекувањата, а приходите од продажбата изнесувале 6,97 милијарди долари, додека аналитичарите во просек предвидувале 6,96 милијарди.

На главниот пазар на компанијата, во САД, продажбата пораснала за девет проценти, на 3,14 милијарди долари.

На кинескиот пазар, пак, приходите од продажбата се намалени за три проценти, на 574 милиони долари, додека пак, аналитичарите очекувале зголемување од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП