26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Милан го потврдија местото во полуфиналето на ЛШ

Реал и Милан го потврдија местото во полуфиналето на ЛШ

Реал Мадрид и Милан, двата најтрофејни клубови во Лигата на шампионите, се пласираа во полуфиналето на европското елитно натпреварување,.

Милан издржа на „Стадио Диего Армандо Марадона“ и иако прими гол во 92. минута, 1:1 беше доволен да го помине Наполи, додека Реал Мадрид со идентични 0:2 од првиот натпревар стави крај на надежите на Челси за било каков камбек на „Стемфорд Бриџ“. Милан својот противник го чека од дуелот помеѓу градскиот ривал Интер и Бенфика („нераѕурите“ имаат 2:0 предност од првиот меч), додека Реал ќе игра со подобриот од двобојот меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен (тука Сити имаат 3:0 предност пред гостувањето во Баварија).

Во Неапол, и покрај прекрасната атмосфера и притисокот на домаќините со повратникот Виктор Осимен во тимот, Милан први имаа голема шанса да стигнат до гол, кога во 22. минута беше досуден пенал по фаулот над Рафаел Леао, но обидот на Оливие Жиру заврши во рацете на Алекс Мерет.

Леао во 43. минута го покажа својот фудбалски талент, кога помина неколк фудбалери на Наполи за да му асистира на Жиру за 0:1. Наполи не се откажаа и во 82. минута од мечот добија шанса мечот да го направат интересен кога беше досуден пенал по играњето со рака на Фикајо Томори во шестнаесетникот. Меѓутоа, сега беше шансата на Мајк Мањан да покаже каков голман е, и тој го фати обидот на Квича Кварацхелија, пред Осимен во 93. минута да израмни на 1:1.

На „Стемфорд Бриџ“, Челси го продолжи ужасниот скор под новиот преоден менаџер, Френк Лампард губејќи четврти пат во низа, овојпат со двата гола на Родриго за Реал Мадрид да запечати уште еден голем пласман меѓу четирите најдобри европски екипи. Челси имаа неколку добри шанси во првото полувреме, од кое таа на Марк Кукурелја во финишот беше една од најдобрите.

Но, Родриго во 58. минута по една мешаница пред шестнаесетникот на Челси, доби асистенција од Винисус Жуниор за 0:1, за во 80. минута уште еднаш да се запише во листата на стрелците за потврда на триумфот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП