2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕвропскиот парламент усвои визна либерализација за Косово

Европскиот парламент усвои визна либерализација за Косово

Претставниците на Европскиот парламент на пленарна седница го одобрија укинувањето на визниот режим за Косово. Граѓаните на Косово без виза ќе можат да влегуваат во земјите на Европската унија од 1 јануари следната година, кога ќе почне да функционира електронскиот систем што го користат другите земји кои имаат договор за безвизен режим со Унијата.

Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да влезат во Европската унија без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ.

По усвојувањето во Европскиот парламент, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во официјалниот весник на ЕУ, пренесува агенцијата Бета.

Укинување на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ предложи Европската комисија, врз основа на оценката дека Косово постигнало значителен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим.

На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на Европската унија договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој започнаа преговорите со Европскиот парламент.

На 9 март, во прво читање, Советот на Европската унија го усвои ставот за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година следната година.

Косово долго време чекаше безвизен режим со ЕУ откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека Косово ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминалот и корупцијата), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП