6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry забележа загуба од речиси милијарда долари

BlackBerry забележа загуба од речиси милијарда долари

blackberyy1

Канадската компанија „BlackBerry“ која на почетокот на оваа недела објави дека е на продажба, а исто така подели и 4.500 откази, забележaла загуба од 965 милиони долари во второто тромесечје од оваа фискална година, додека во претходниот квартал загубата изнесувала 84 милиони евра.

Производителот на смартфони загубата ја објаснува со провизијата од 934 милиони долари поврзана со залихите од непродадената роба, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Не сметајќи ја провизијата, нето загубата во вториот квартал од оваа фискална година изнесувала 248 милиони долари, или 47 проценти по акција, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од 13 проценти по акција.

Приходите од продажбата во вториот квартал изнесувале 1,6 милијарди долари, додека во истиот период минатата година тие изнесувале 3,1 милијарда долари, стои во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП