17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск лансира вештачка интелигенција, ја нарекува „TruthGPT“

Маск лансира вештачка интелигенција, ја нарекува „TruthGPT“

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека и тој ќе лансира вештачка интелигенција (AI) која веќе ја нарече „TruthGPT“.

„Ќе започнам нешто што го нарекувам „TruthGPT“, вештачка интелигенција која ја бара вистината и се обидува да ја разбере природата на универзумот“, рече Маск во интервју за Fox News.

Тој верува дека ова би можело да биде најдобриот пат до безбедноста, „во смисла дека постои вештачка интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот и нема да го уништи човештвото, бидејќи луѓето се интересен дел од тој универзум“.

OpenAI е многу пред сите други

Планот на Маск, како што објави Ројтерс, е очигледен предизвик за „ChatGPT“, популарен чет-бот од OpenAI.

Засега OpenAI ја има најсовремената форма на вештачка интелигенција, со која може да имате текстуален разговор и која може да даде одговори на бројни прашања, да напише песна, да исправи грешка во програмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП