3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСезонските алергии доведуваат и до несоница

Сезонските алергии доведуваат и до несоница

Сезонските алергии можат многу да го нарушат квалитетот на вашиот живот, без разлика дали шмркате, се чешате или кашлате. Непријатните алергиски реакции не се јавуваат само во текот на денот, кога сте изложени на алергени, туку можат да влијаат и на квалитетот на сон, пренесува Health24.

На пример, концентрацијата на хистамин произведен во телото, кој се користи за борба против алергени, може да биде исклучително висока дури и во текот на ноќта, што може да ве држи будни.

Според една статија објавена во Journal of Allergy and Immunology, болестите како што се астмата и алергискиот ринитис се вообичаени состојби кои можат да влијаат на спиењето, а потоа и на дневната функционалност.

Истражувањата во изминатите неколку децении воспоставија силни врски помеѓу лошиот квалитет на сон и сезонските алергии и открија дека повеќе од 50 проценти од оние кои се борат со сезонски алергии, исто така, страдаат од нарушувања на спиењето.

Покрај високите нивоа на хистамин, проблеми со дишењето и ‘рчењето, кои понекогаш доведуваат до апнеја при спиење, исто така може да предизвикаат несоница. Ова не само што ја нарушува вашата рутина за спиење, туку оваа состојба може да го држи и вашиот партнер буден.

Нарушувањата на сонот се особено чести кај луѓето со алергиски ринитис, особено кога има опструктивна ноќна апнеја, т.е. нарушувања на спиењето каде што дишењето постојано се прекинува за време на циклусот на спиење.

„Нормалните“ дневни симптоми на алергија во комбинација со заморот и недостатокот на концентрација предизвикани од опструктивната ноќна апнеја може да им го отежнат животот на оние кои страдаат од алергија.

Иако се уште се потребни многу истражувања за тоа како да се подобри квалитетот на сонот кај луѓето со алергии, постојат лекови кои можат да ви помогнат да добиете подобар ноќен одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП