3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во Германија

Забави инфлацијата во Германија

germany1

Годишната инфлација во септември, во Германија, забави на 1,4 проценти, од 1,5 проценти кои беа забележани во август, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика.

Како што пренесува Ројтерс, аналитичарите за овој месец очекувале непроменета стапка од 1,5 проценти.

Забавувањето на растот на цените, Заводот за статистика, го објасни со умереното зголемување на цените на нафтените производи.

Во согласност со европските стандарди, годишната инфлација во споменатиот период во Германија изнесуваше 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП