4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТДРАМА ВО ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНА НАРЕДБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА! Северна Кореја истрела нов тип...

ДРАМА ВО ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНА НАРЕДБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА! Северна Кореја истрела нов тип ракета – лансирана во близина на главниот град

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета, прва по еден месец.

Северна Кореја, продолжувајќи ја серијата провокативни ракетни тестови, денеска истрела интерконтинентална балистичка ракета, прва по еден месец. Инаку, овој проектил би можел да биде тест на помобилен вооружен систем кој е тешко да се открие.

Поради лансирањето, Јапонија издаде наредба за евакуација на северниот дел на островот. Оваа наредба подоцна беше повлечена, но покажа колку внимателно го следат развојот на ракетните закани од Северна Кореја, јавуваат странските медиуми. Ракетата, како што соопштија од јужнокорејскиот здружен генералштаб, била лансирана под висок агол. Според нивните изјави, тој бил лансиран во близина на главниот град Пјонгјанг.

Според јужнокорејскиот здружен генералштаб, проектилот паднал во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија по лет од 1.000 километри. Јужна Кореја ја опиша ракетата како ракета со среден или подолг дострел, додека Советот за национална безбедност на САД ја нарече ракета со долг дострел. Јапонскиот министер за одбрана тврди дека се работи за интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Јужнокорејски воен претставник изјави дека Северна Кореја можеби лансирала нов тип на балистичко оружје што може да користи цврсто гориво. Ако навистина беше ICBM на цврсто гориво, тоа ќе беше прво тестирање на такво оружје од Северна Кореја, што е потешко да се открие однапред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП