5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонг Конг: Место каде расте бројот на милионери

Хонг Конг: Место каде расте бројот на милионери

Hong Kong Dragon and Moon

И покрај кризата, во светот има се поголем број на милионери, а според новото истражување „најголемиот раст на бројот на богатите лица“ е забележан во Хонг Конг. За последните дванаесет месеци растот на милионерите изнесува дури 36 проценти.

Интересно, и покрај фактот што таму милионерите „изникнуваат како цвеќе“, богатите во Хонг Конг се меѓу најпесимистичните луѓе во светот.

Речиси една четвртина од оние кои можат да се пофалат дека на сметката имаат повеќе од милион долари, не веруваат дека во следниот квартал ќе успеат да забележат солиден профит.

Истражувањето на канадските економисти, предвидува дека веќе следната година Азија ќе биде континент со најголем број на милионери, без оглед на закрепнувањето на американската економија.

Како што се наведува, со силниот раст и добрите камати, богатството на азиските милионери годишно ќе се зголемува во просек за 9,8 проценти и до 2015 година ќе достигне дури 16 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП