Не можете да одите на море? Појдете во ресторанот Сидро, таму ќе најдете амбиент како да се наоѓате близу некоја плажа или туристичко место, а морската храна која ја има на менито е многу вкусна. Скопјани отсекогаш важеле за луѓе со префинет вкус, кои сакаат да уживаат во добра храна и убаво друштво. Боемчини, гурмани, животољубци, луѓе за кои дружењето и посетата на добар ресторан е повеќе прашање на животен стил. А кога станува збор за избор на ресторани секогаш се многу строги. Се мора да биде “како што треба”! Храната, услугата, амбиентот… не мора да е луксузно, скапо.. туку пред се местото да има душа!
Автентичност и енергија за релаксирање, да заборавиш на времето, на обврските, едноставно да се препуштиш на моментот. Во Скопје има повеќе ресторани но ретко кој ги има овие карактеристики. Рибните ресторани „Сидро“ и „Сидро 2“ по многу што се издвојуваат од останатите. Првично препознатливи по свежо подготвена, вкусна и квалитетна риба, и по убаво подготвена свежа морска храна. Но овие ресторани имаат многу повеќе да понудат! Ги карактеризира домашна опуштена атмосфера, крајно позитивен и љубезен персонал, креативни морски декорации по ѕидовите, аквариуми, интимни катчиња…се на се убав простор.
А храната е посебна приказна. Пристапни цени, за добар квалитет. И не само тоа, овде на пример ќе пробате ракчиња со кадаиф специјалитет на ресторанот, рижото со ракчиња, ракчиња подготвени во путер, феноменален крап, мек и вкусен октопод, кој не е жилав. Тука можете да се напиете и исклучителни квалитетни вина од семејни винарии, кои само тука може да се пробаат. Се е свежо, подговено од врвни готвачи, без брзање, на начин како за најдобрите гурмани. Место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални морски јадења. И без разлика дали се работи за деловна средба, дружење со пријателите или романтична вечера, во рестораните Сидро едно е сигурно ќе си поминете убаво. Не е случајно што познатата социјална мрежа TripAdvisor го рангира како број 1 морски ресторан во Скопје и го препорачува на посетителите, додека туристичките оператори овде ги носат странските туристи кога сакаат да остават впечаток.