Осумгодишното дете изгризано до смрт од куче во скопската населба Пинтија било однесено во болница без знаци на живот. Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ вели дека детето имало голема рана на вратот и расеченица на главата.
„Вчера попладне, во 17.22 часот, во нашата клиника беше донесено осумгодишно дете со сериозни повреди во пределот на главата и вратот нанесени од каснување куче. Во моментот на прием детето е без знаци на живот, со проширени зеници и без срцева акција. Веднаш е направена реанимациска постапка, но, за жал, без успех. Големата рана на вратот, каде што минуваат главните крвни садови, довела до тоа детето да искрвави“, вели Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ за „Макфакс“.

