27 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПротече доверлив документ на Пентагон: Србија се согласила да испрати оружје во...

Протече доверлив документ на Пентагон: Србија се согласила да испрати оружје во Украина

Србија, единствената европска земја која одби да воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, се согласила да го снабдува Киев со оружје или веќе испратила оружје, се вели во доверлив документ на Пентагон, објави Ројтерс.

Документот, кој е збирка одговори на европските влади на барањето на Украина за воена обука и оружје, беше меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во изминатите неколку недели, што е веројатно најсериозното протекување на доверливи американски документи во последниве години, пипува Ројтерс.

Документот, насловен „Европа/Одговор на тековниот руско-украински конфликт“, ги содржи позициите на 38 европски влади како одговор на молбите за помош на Украина. Списокот, исто така, покажува дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати оружје или веќе го испратила. Се наведува и дека Србија има политичка волја и воена способност и во иднина да и дава оружје на Украина.

Документот е класифициран како доверлив и NOFORN (Not Releasable to Foreign Nationals), кој забранува негово дистрибуирање до странски разузнавачки служби и војска. Датира од 2 март и го носи печатот на Канцеларијата на здружениот штаб.

Ројтерс не можеше самостојно да ја утврди автентичноста на документот. Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ и украинската амбасада не одговорија веднаш на прашањата на агенцијата, како и Пентагон, кој претходно одби да ги коментира објавените документи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП