3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ подготвува компактна лимузина

БМВ подготвува компактна лимузина

bmw sedan

Според најновите информации, идната седан верзија на Серија 1 ќе ја дели платформата со моделот БМВ Серија 1 GT и новиот МИНИ хечбек.

Новата компактна лимузина на баварскиот производител има работен наслов „NES“ (New Entry-level Sedan) и ќе биде дел од новата генерација на автомобили на БМВ со погон на предните тркала. Со лансирањето на овој модел, БМВ ќе биде поконкурентен на другите германски премиум производители кои во компактниот автомобилски сегмент веќе имаат слични модели како Ауди А3 или Мерцедес „CLA“.

Повикувајќи се на извор од БМВ, „Automotive News“ пишува дека лимузината Серија 1 ќе биде многу значаен модел во гамата на автомобили на баварската компанија.

„Тоа ќе биде клучен модел за нашата стратегија на раст, особено во САД и Кина, каде продажбата на мали премиум возила е во пораст“, велат од БМВ.

Според истиот извор, новиот модел би можел да се најде во продажните салони во 2017-та година. Иако се уште е рано да се говори за погонските единици, најверојатно во него ќе бидат три и четири цилиндарски мотори, како и верзијата „Plug-In Hybrid“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП