2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан Меморандум за соработка меѓу Битолска Млекарница и ПУМ

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Битолска Млекарница и ПУМ

bitolska

Битолска Млекарница и ПУМ програмата од Холандија денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта е вклучување холандски експерти и консултанти во креирањето и реализацијата на долгорочните инвестициски планови на млекарницата.

„Со оваа ќе и помогнеме не само на компанијата, туку и на фармерите во Македонија, да се зголеми продукцијата на млеко“, посочи Петер Верхејен, заменик амбасадор на Холандија во Македонија.

Како што истакна генералниот директор Златко Најдовски, млекарницата предвидува инвестиција од околу 5 милиони евра за нови машини и опрема кои ќе овозможат обезбедување максимална безбедност и највисок квалитет на производството, поголема ефикасност, помали трошоците и зголемување на млекопроизводството во земјата.

„До 2018-та година очекуваме инвестицијата да достигне околу 9 милиони, а ја наметнуваат светските трендови и желбата за наше се поголемо присуство на странските пазари, САД, Канада, ЕУ и во источните земји. Најмногу ќе вложиме во зголемување на безбедноста и квалитетот на производите и во ефикасноста на работењето. Покрај тоа наша основна цел е да ги зголемиме продукциските капацитети и ферментациските производи“, рече Најдовски.

Според него, Битолската млекарница го зголемува бројот на кооперанти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП