25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој прави чуда: Само една шолја од овој чај може да...

Напиток кој прави чуда: Само една шолја од овој чај може да го оживее целиот организам и да го отстрани воспалението

Чајот од жалфија се смета за природен антибиотик, бидејќи се користи за лекување на бројни воспаленија и други здравствени проблеми.

Пред неколку векови, чајот од жалфија се користел за воспаление на грлото, фаринксот, засипнатост, воспаление на внатрешните органи, туберкуларно потење, габични инфекции, како и за вагинално миење.

И денес, бидејќи има антисептично дејство, се користи за гаргара во случај на воспаление. Ова лековито растение се смета за антибиотик со широк спектар, се користи и за регулација на потење, кај топлотни бранови во климаксот, за менструални нарушувања, за зајакнување на нервите, за прочистување на црниот дроб, за ревматизам. Влијае и на процесите на варење и секреција на жолчката.

Жалфијата е антимикробна и антиспазмодична (така што ги опушта мазните мускули), а го намалува и лачењето на пот и плунка. Со оглед на тоа што го спречува развојот на вируси, се користи и во масти против херпес.

Се користи и за релаксација, за ублажување на напнатоста и нервозата, како и за несоница. Доилките кои сакаат да престанат со доењето користат жалфија за да го запрат производството на млеко.

Жалфијата е ефикасна и за дезинфекција на рани и чиреви, како и за запирање на крварењето. Се користи и за инхалација при астма, бронхитис, но и при инфекции на респираторниот тракт, бидејќи има и антимикробно дејство.

За внатрешна употреба една лажица чај од жалфија се прелива со шолја вода и се вари 3-5 минути, а за надворешна употреба (плакнење, дезинфекција) не се вари, туку чај од жалфија се прелива со зовриена вода, се покрива и се остава да отстои половина час, по што се филтрира и се плакне неколку пати на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП