28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBeats го откупи делот од HTC

Beats го откупи делот од HTC

htc-sensation-xe-with-beats-audio

„Beats Electronics“ доби инвестиција во износ од 500 милиони долари од „Carlyle Group“ и сега е во можност да откупи назад 25 отсто од акциите, кој тајванскиот производител на паметни телефони „HTC“ ги поседуваше во неа за 265 милиони долари, пишува „New York Times“.

Во август „Wall Street Journal“ инфомираше дека „Beats Electronics“, која е специјализира во дигиталната аудио технологија и е основана од музичките продуценти Џими Ајвин и Доктор Дре, бара инвеститор и начини да излезе од партнерството со „HTC“.

Деталите околу договорот со „Carlyle“ не беа објавени, но според извори на „New York Times“, „Carlyle“ ја проценува „Beats“ на над 1 милијарда долари. Компанијата за управување со средства, исто така ќе добие две од шестте места во бордот на директори на „Beats“.

Активностите на „Beats Electronics“ порасна вртоглаво по нејзиното партнерството со „HTC“. Во 2011-та година тајванската компанија купи 51 отсто од акциите во „Beats“ за 309 милиони долари, но им продаде половина на „Beats“ во 2012-та година. До јуни 2013-та година „Beats“ контролираше 59 проценти од пазарот на луксузни слушалки во САД, додека „HTC“ почувствува финансиски тешкотии во поголемиот дел од 2012-та и 2013-та година, а поради тоа сега се очекува крајот на партнерството на „HTC“ со „Beats“.

Финансиската инјекција од „Carlyle“ сепак ќе и помогне на компанијата да се прошири на нови пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП