18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСЕ ПЛАШАТ И ЈА ОБОЖУВААТ: Еве што велат познатите луѓе за вештачката...

СЕ ПЛАШАТ И ЈА ОБОЖУВААТ: Еве што велат познатите луѓе за вештачката интелигенција

Во последните неколку години, вештачката интелигенција (AI) станува сè поважен дел од нашиот свет. Вештачката интелигенција се користи во различни области, од медицина до забава, а нејзиното влијание врз нашето општество и економија веројатно само ќе се зголеми.

Во овој текст се наведени 10 цитати од познати технолошки експерти за вештачката интелигенција.

„AI е новата електрична енергија“ – рече Ендрју Нг, основач на Google Brain и Courser.

Ендрју Нг е еден од највлијателните луѓе во светот на вештачката интелигенција. Неговите зборови сугерираат дека вештачката интелигенција ќе стане дел од основната инфраструктура на нашето општество. Слично нешто се случи со струјата пред сто години.

„AI и машинското учење ќе станат примарен пат за компаниите да успеат на пазарот“ – Марк Кубан, претприемач и инвеститор.

Контроверзниот Кубан е успешен претприемач и инвеститор, во својата деловна кариера има инвестирано во многу технолошки стартапи. Неговата изјава сведочи за тенденцијата вештачката интелигенција и машинското учење да станат главна алатка за успех во деловниот свет.

„Вистинската моќ на вештачката интелигенција лежи во нејзината стремеж да ги зголеми човечките способности и да не направи подобри во она што го правиме.“ – Феи-Феи Ли, професор на Универзитетот Стенфорд и директор на Лабораторијата за вештачка интелигенција на универзитетот.

Феи-Феи Ли е позната по нејзините истражувања во областа на вештачката интелигенција. Таа ја гледа вештачката интелигенција како додаток на човечките способности.

„Влегуваме во нов свет каде податоците ќе бидат поважни од софтверот.“ – Тим О’Рајли, основач на O’Reilly Media.

Изјавата на еден од највлијателните личности во технолошката индустрија сугерира дека во светот на вештачката интелигенција, квалитетот на податоците со кои работи ќе стане поважен од квалитетот на платформата што ќе ја користи за нивна обработка.

„Мораме да бидеме многу внимателни со вештачката интелигенција. Таа е потенцијално поопасна од нуклеарните проектили.“ – Илон Маск, основач на Tesla и SpaceX.

Еден од најпознатите претприемачи во светот е истовремено и голем поборник за развојот на вештачката интелигенција, но и критичар на нејзината употреба. Маск, кој меѓу другите стои зад проектот OpenAI, неодамна го изрази својот страв од пребрзиот развој на вештачката интелигенција.

„Целосниот развој на вештачката интелигенција може да доведе до крај на човечката раса. Вештачката интелигенција би можела да го преземе кормилото и да се редизајнира со неверојатна брзина. Ограничени од биолошката еволуција, луѓето не можат да се натпреваруваат со вештачката интелигенција и ќе бидат надминати.“ – Стивен Хокинг, физичар и космолог.

Овој цитат покажува дека Хокинг бил загрижен за можноста за развој на вештачка интелигенција која би можела да ја надмине човечката интелигенција и последователно да создаде проблеми за човечкиот вид.

“Вештачката интелигенција ќе го достигне нивото на луѓето околу 2029 година. До 2045 година, повеќекратно ќе ја подобриме интелигенција.“ – Реј Курцвеил, футурист и директор за инженерство во Google.

Курцвејл верува дека вештачката интелигенција ќе ја достигне човечката интелигенција во следните неколку децении и дека развојот потоа ќе се забрза многу пати со потенцијал интелигенцијата да стане милијарди пати понапредна отколку што е моментално.

„Мислам дека се повеќе и повеќе ни е потребна некаква регулаторна рамка, на национално и на меѓународно ниво, за да спречиме да правиме нешто глупаво.“ – Бил Гејтс, основач на Мајкрософт.

Следејќи го Маск и другите критичари, Гејтс и покрај неговиот ентузијазам за вештачката интелигенција, смета дека е неопходно да се регулира развојот на вештачката интелигенција за да се избегнат негативните последици.

„Ако ги развиеме овие алатки за да се подобриме, тогаш тие буквално ќе станат дел од нас“ – Амбер Кејс, предавач и футурист.

Кејс верува дека вештачката интелигенција ќе стане составен дел од нашите животи и дека ќе ни помогне да ги подобриме нашите способности и вештини, но и дека ќе го промени она што сме суштински.

Додека некои со нетрпение го очекуваат развојот на вештачката интелигенција, други се загрижени. Каков и да е вашиот став, вештачката интелигенција е нешто со кое сè повеќе ќе живееме во иднина. Ако сакате да изградите кариера во ова возбудливо поле, да станете развивач е најбрзиот начин да влезете во овие возбудливи води и да учествувате во креирањето на иднината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП