3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кипар пристигна 1,5 милијарда евра

Во Кипар пристигна 1,5 милијарда евра

kipar4

Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) исплати транша помош за Кипар вредна 1,5 милијарди евра, во рамките на контроверзниот пакет помош кој беше договорен оваа година.

Министрите за финасии на еврозоната овој месец се договорија за исплатата на парите за Кипар, откако земјата воведе строги мерки, кои беа барани во замена за финансиската помош, пренесува агенцијата Франс прес.

Траншата е дел од пакетот вреден 10 милијарди долари, кој за Кипар ќе го обезбедат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

За да добие помош, владата во Никозија ги превзема големите банки и се согласи со строгите буџетски штедења, како и со продажбата на дел од државниот имот.

Кипар минатата година западна во проблеми откако кризата од соседна Грција се прошири и на негова територија, а досега има примено 4,5 милијарди евра помош од ЕСМ од вкупно девет милијарди, колку ќе бидат издвоени од европскиот фонд.

ММФ на Никозија и исплати околу 170 милиони евра од ветената милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП