17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на македонски и грчки бизнисмени во Гевгелија

Средба на македонски и грчки бизнисмени во Гевгелија

bizsredba1

Здружението на производители на фармацевтски и ароматични билки во пограничниот регион многу ќе придонесе, посебно во нашата земја, за поголема застапеност на ароматични растенија бидејќи во регионот на Грција веќе се одгледува лаванда, оригано и мелиса од кои се произведуваат етерични масла за европскиот пазар, па сега тоа искуство преку формирање посебен кластер ќе се префрли и во Македонија.

Ова беше нагласено на бизнис средбата меѓу грчки и македонски производители, која од вчера се одржува во Гевгелија, во рамки на проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка што го реализира Фондацијата за локален развој од Гевгелија во соработка со Стопанската комора од Кукуш.

Во своето поздравно обраќање на бизнис средбата, градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов изрази надеж дека проектот значително ќе придонесе за унапредување на производството на ароматични и фармацевтски билки кај нас, како и за заеднички настап со грчките парнери при пласманот на производите на пазарите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП