4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКако протекоа плановите на САД за Украина со назнака „строго доверливо“

Како протекоа плановите на САД за Украина со назнака „строго доверливо“

На социјалните мрежи се објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската армија пред планираната контраофанзива, потврдија за Њујорк Тајмс високи претставници на администрацијата на Бајден.

Воените аналитичари веруваат дека документите биле споделени од „про-Кремљ канали“ и предупредуваат дека тие би можеле селективно да се модифицираат за да покажат дезинформации поддржани од Кремљ. Еден детал особено привлече внимание.

„Без разлика дали документите се автентични или не, треба да се биде многу внимателен со се што е објавено од руски извори“, изјави за Њујорк Тајмс Мајкл Кофман, директор на Одделот за руски студии во Институтот за истражување Арлингтон.

Сомнителен детал – број на жртви

Како пример, Кофман наведува еден од документите каде што пишува дека во Украина биле убиени меѓу 16.000 и 17.500 руски војници, додека Украинците претрпеле околу 71.500 воени жртви.

И Пентагон и другите аналитичари процениле дека руските загуби се значително поголеми – околу 200.000 убиени и ранети, додека украинските загуби се проценуваат на околу 100.000 убиени и ранети.

Некои од документите се автентични

Независно од тоа, аналитичарите велат дека делови од документите се чини дека се автентични и може да им дадат на Русите важни информации како временска рамка за испорака на оружје, важни информации за украинските сили кои се подготвуваат за контраофанзива и слични воени детали.

Еден документ со ознака „строго доверливо“ содржи информации за „статусот на конфликтот на 1 март“. На тој ден, украинските власти беа во американската воена база во Вајсбаден, Германија. Еден ден подоцна, началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мајли и генералот Кристофер Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, ја посетија базата.

Детали за украинските единици

Друг документ вклучува линии во кои се наведени единиците, опремата и обуката на украинските сили, со распоред за периодот од јануари до април.

Документот содржи список од 12 борбени бригади, од кои девет наводно се обучени од Соединетите Американски Држави и другите сојузници на НАТО. Од тие девет бригади, според документите, шест ќе бидат готови до 31 март, а останатите до 30 април. Украинската бригада има околу 4.000 до 5.000 војници, велат аналитичарите.

Во документот се наведува дека времето на испорака на опремата ќе влијае на обуката и подготвеноста да се запази рокот.

Вкупната потребна опрема за деветте бригади, се наведува во документот, била повеќе од 250 тенкови и повеќе од 350 механички возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП