21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПирин Експорт - компанија која 34 години ги креира стандардите за изведба...

Пирин Експорт – компанија која 34 години ги креира стандардите за изведба на сауни, џакузи и СПА

Новите тенденции на современото домување носат со себе и нови потреби и очекувања. Тука предничи енергетската ефикасност, функционалноста на просторот но и обезбедувањето на содржини во домот кои директно придонесуваат кон подобрување на здравјето. Се повеќе на луѓето по напорната работа им е потребен издувен вентил, или можност да се опуштат и релаксираат. За повеќето од нив Сауна или џакузи во домот веќе не е луксуз туку потреба! Одлична инвестиција во сопственото здравје и среќа. Веќе не се поставува прашањето дали тоа ни треба, туку за која опција ќе се решиме, дали за сауна или џакузи, или нивна комбинација.

Секако, компанијата што тоа би го изработила и извела, треба да е со искуство и традиција, како и со бројни изведби на разни комерцијални и приватни проекти. Во овој контекст се издвојува компанијата Пирин Експорт, која од далечната 1989та година, изведува Фински и инфрацрвени сауни, џакузи и базени. Ова е компанија која низ годините наметна нови стандарди и култура на здраво живеење.

Според Васил Филипов сопственик и управител на Пирин Експорт поставувањето на сауна или џакузи, во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која повеќекратно ги оправдува вложените средства. Инвестицијата е многу мала, а доволен е само мал простор (од неколку метри квадратни), за инсталирање СПА во Вашиот дом.

Џакузито и саунта можат да бидат место за индивидуално уживање, а и социјализација со пријателите и семејството. Овозможуваат слична функција: стоплување на телото за релаксација и терапевтски цели, чувство на благосостојба, како и ублажување на мускулни болки. Посебни придобивки од користење сауна и џакузи имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол, проблеми со циркулација и диабетес.

Според г. Васил, една комплетно опремена сауна од Пирин Експорт за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 2000 евра, а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Трошоците за струја за користење на сауна  на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (за вклучена печка 1 час, зависно од јачината на печката), се од 600 – 1000 денари месечно. А за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 30 – 40 минути, зависно од температурата што сакаме да ја постигнеме. Сауната лесно се одржува, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација), а кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на нејзината виталност и здрав сјај. А, кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

На следниов линк http://pirinexport.mk/ или фејсбук фан-страна https://www.facebook.com/PirinExport.Kozha.Sauni.Spa/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински и инфрацрвени сауни, џакузи или базени за домашна и комерцијална употреба. Изборот пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање, како и од определениот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП