26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGeneral Motors отвара 2.600 работни места во Бразил

General Motors отвара 2.600 работни места во Бразил

gm

Дирекцијата на „General Motors“ најави отварање на 2.630 работни места во Бразил во комплексот „Gravital Industry“, кој ќе го зголеми годишното производство од 230.000 на 380.000 автомобили.

Во фабриката на „General Motors“, каде што се произведуваат шевролетите „Selta“ и „Oniks“ ќе биде формиран и трет тим за производство од 1.450 работници, 1.000 доставувачи и 180 вработени во администрација, пренесува агенцијата ATP.

Во соопштението не е наведен точниот датум на отварање на новите работни места.

Соопштението следувало по заканата за штрајк во бразилскиот погон „Sao Hose dos Kampos“, поради што е одложена одлуката за отказни решенија за 750 работни места, во кое управата ветила дека ќе инвестира 183 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП