4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“ предвидува пад на грчката економија од четири проценти

„Фич“ предвидува пад на грчката економија од четири проценти

fic1

Меѓународната агенција за утврдување на кредитните рејтинзи „Фич“ предвидува дека Грција и оваа година ќе остане во рецесија, со пад на нејзината економија од четири проценти.

Како што објави весникот „Имерсија“, „Фич“ прогнозира дека следната година Грција ќе излезе од повеќегодишната рецесија и дека ќе оствари економски раст од 0,5 отсто.

„Фич“ очекува во текот на 2013 година грчкиот долг да се зголеми на ниво од 176,1 отсто од бруто домашниот производ на земјата, а буџетскиот дефицит да се намали на 4,1 проценти.

Лани грчкиот буџетски дефицит изнесуваше 10 отсто од БДП, а за догодина „Фич“ предвидува тој да се сведе на 3,7 проценти.

Ваквите прогнози се нешто пооптимиситчки од оние предвидени со договорот меѓу Грција и меѓународните кредитори околу исплатата на финансиската помош за Атина, склучен во јули годинава, наведува „Имерсија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП