4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБерлускони има леукемија

Берлускони има леукемија

На четирикратниот италијански премиер Силвио Берлускони(86) му е дијагностицирана леукемија, изјави во четвртокот извор близок до италијанскиот политичар.

Изворот го потврди извештајот на Corriere della Sera, пишува Reuters.

86-годишниот Берлускони од средата е на интензивна нега во кардиолошкото одделение на миланската болница „Сан Рафаеле“, откако имал проблеми со дишењето.

Тој имаше голема операција на срцето во 2016 година, како и рак на простата, и беше хоспитализиран неколку пати во изминатите неколку години откако се зарази со коронавирусот во 2020 година, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП