10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН ја реконструираше дистрибутивната мрежа во Топанско Поле, Радишани и Визбегово

ЕВН ја реконструираше дистрибутивната мрежа во Топанско Поле, Радишани и Визбегово

evn

– ЕВН Македонија ја заврши реконструкцијата на дистрибутивната нисконапонска мрежа на клучните точки во скопските населби Топанско Поле и Визбегово и среднонапонската мрежа во реонот на населбата Радишани.

Во населбите Топанско Поле и Визбегово целосно е реконструирана нисконапонската мрежа во должина од 19.000 метри. Сите дрвени столбови се заменети со нови бетонски, зголемен е капацитетот на дистрибутивните трафостаници, целосно се сменети приклучните кабли до корисниците и поставени се нови мерни уреди во новопоставени мерни ормари.

– Со реализацијата на вториот дел од проектот за модернизирање на дистрибутивната мрежа во Визбегово и Топанско Поле се подобруваат напонските прилики и се воведува ред и сигурност во снабдувањето за над 2.000 корисници, велат од компанијата.

Реконструкцијата на среднонапонската мрежа во населбата Радишани, пак, нагласуваат, ќе донесе квалитетно и сигурно снабдување за 20.000 корисници од ова населенo место и селата Љуботен, Љубанци, Раштак, Булачани и Црешево.

– Реконструиран е 10 киловолтниот среднонапонски далноводот во должина од 4.200 метри. Оформени се два нови изводи од напојната трафостаница ТС Радишани 35/10kV со што е извршена прераспределба на товарите од овој реон и селекција на населбите и селата. Стариот далновод е целосно демонтиран и трафостаниците се веќе префрлени на новопоставениот среднонапонски кабел. Се очекува снабдувањето со електрична енергија во овој реон да биде постојано, квалитетно, со подобрени напонски прилики и пред се доверливо и сигурно, нагласуват од ЕВН Македонија.

Реконструкцијата на дистрибутивната нисконапонска мрежа во Топанско Поле, Радишани и Визбегово е дел од Мастерпланот на ЕВН Македонија за мореднизирање на дистрибутивната мрежа во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП