4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарафирана Спогодбата за воздушен сообраќај меѓу Македонија и Канада

Парафирана Спогодбата за воздушен сообраќај меѓу Македонија и Канада

kanada avion

Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Канада е парафирана денеска на маргините на 38-то Заседание на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во Монтреал.

Спогодбата ја парафираа директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Дејан Мојсоски во име на македонската Влада и Мартин Локен по овластување од Владата на Канада, соопшти АЦВ.

Со парафирањето, според АЦВ, практично се создаде правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај со цел на патниците да им се овозможат поголеми можности и избор на услуги, како и да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.

„Парафирањето на спогодбата за отворено небо, исто така е и во насока на политиката на ИКАО, која ја промовираат двете земји, за глобална економска либерализација на меѓународниот воздушен транспорт и неговиот развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазарот, тарифите, фреквенциите и капацитетот“, се вели во соопштението.

Мојсоски и Локен на средбата потенцирале дека парафирањето на спогодбата ќе придонесе за интерконинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот сообраќај што би влијаело на унапредување на односите меѓу двете земји на економски, научен и културен план, позитивни ефекти за работата на авиопревозниците, поголеми можности за патниците, потенцијал за инвестиции и за развој на туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП