3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУбиен креаторот на Андроид, се огласи и Илон Маск

Убиен креаторот на Андроид, се огласи и Илон Маск

Технолошки експерт кој помогна да се создаде Андроид и апликацијата Кеш(Cash app) беше избоден до смрт во Сан Франциско.

Боб Ли (43) бил нападнат во вторникот во 2:35 часот во станбениот имот Ринкон Хил во центарот на градот, пишува Дејли мејл.

Полицијата била повикана во блокот 300 на главната улица, во близина на влезот на познатиот облакодер и го пронашла таткото на две деца со повеќе убоди.

Пријателите изјавија за “San Francisco Standard” дека Боб ја посетувал деловно таа областа и решил да остане уште еден ден пред да биде избоден.

Извршниот директор на Твитер и Тесла, Илон Маск, исто така го коментираше ужасниот инцидент, прашувајќи ја канцеларијата на окружниот обвинител во Сан Франциско што прават во врска со „казнувањето на насилните криминалци“.

Тој рече: „Многу ми е жал што го слушам тоа. Многу луѓе што ги познавам беа жестоко нападнати. Насилниот криминал во СФ е ужасен, па дури и ако напаѓачите бидат фатени, тие често се ослободуваат веднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП