Европската унија планира да ги промени законите што ја регулираат фармацевтската индустрија за да ги оживее инвестициите и да го зголеми пристапот до лекови откако здравствените буџети на земјите беа под притисок поради трошоците за лекување за време на пандемијата „Ковид-19“.
Според Ројтерс, недостигот на некои лекови како што се антибиотици и лекови против болки оваа зима, како и пандемијата на Ковид, ги изложија проблемите предизвикани од падот на производството во Европа, комплицираните синџири на снабдување и неподготвеноста за глобални итни случаи на јавно здравје.

