5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕрдоган збесна, ама буквално: "Засрами се…"

Ердоган збесна, ама буквално: “Засрами се…”

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби дополнителни средби со американскиот амбасадор во Анкара.

Имено, американскиот амбасадор претходно се сретна со еден од кандидатите на опозицијата на изборите на 14 мај, Кемал Киличдароглу.

Турскиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу на иницијатива на американската страна се сретна со шефот на американската дипломатска мисија Џефри Флејк, изјави претходно за „РИА Новости“ неговиот советник.

„Амбасадорот на Џозеф Бајден се среќава со Кемал?! Срам да ти е, мисли со своја глава. Ти си амбасадор. Вашиот соговорник во оваа земја е претседателот. Како ќе имате образ после тоа да дојдете и да побарате средба со Претседател?Мојата врата е за него е затворена, тој веќе не може да влезе“, рекол Ердоган, пренесува весникот „Стар“.

Ердоган смета дека американскиот дипломат мора да знае каде припаѓа.

„Нека научи како треба да работи еден амбасадор. Ако не го знае тоа, не може да ми дојде на врата“, нагласи Ердоган.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај. Главен противник на актуелниот претседател Ердоган – единствениот кандидат на „Републиканската алијанса“ е кандидатот на опозициската „Народна алијанса“ Кемал Киличдароглу.

Резултатите од анкетите сè уште не го покажале фаворитот на претстојните избори, но експертите забележуваат дека тоа ќе биде најтешката изборна трка за владејачката партија поради разорните земјотреси кои однесоа животи на повеќе од 50 илјади луѓе, како и поради тешката економска состојба во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП