27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев предупредува дека „Русија е на пат кон амбис“

Медведев предупредува дека „Русија е на пат кон амбис“

Dmitry Medvedev, Alexei Miller

Рускиот премиер Димитриј Медведев предупреди дека Русија „се движи кон амбис“, а за да не дојде до несакана економска ситуација треба да бидат спроведени сериозни реформи и мерки кои ќе доведат до забрзување на економскиот раст.

„Земјата е на крстопат. Русија може да продолжи понатака со овој бавен раст, кој е блиску до нулата, или може да чекори напред и покрај сите ризици. Времето на едноставни одлуки помина, не смееме да ги потценуваме економските предизвици кои се пред нас“, наведе Медведев во своето обраќање.

Медведев истакна дека економските прогнози за Русија се „прилично песимистични“, како поради надворешните факори, така и поради „товарот од нерешените проблеми дома“.

„Пред нас е еден пат кој е исполнет со ризици, но оној помирниот би можел да биде многу поопасен. Тоа е патот кој води до амбис“ предупреди тој.

Рускиот премиер смета дека земјата мора да ги охрабрува приватниците, особено во иновациите, но и радикално да ја унапреди продуктивноста на трудот и да обезбеди квалитетно управување во сите сектори.

„Одбраната на приватната сопственост и конкуренцијата остануваат наши политички приоритети“, потенцираше тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП