4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKRKA ќе инвестира 160 милиони евра наредната година

KRKA ќе инвестира 160 милиони евра наредната година

krka1

Од фармацевтската компанија „KRKA“ ги најавија плановите и очекувањата за наредната година.

Во нивното соопштение до јавноста тие објавија дека до крајот на оваа година очекуваат благ раст на приходите од продажбата од 1,14 милиони евра на 1,20 милиони евра, со стабилно ниво на нето добивка од 160 милиони евра.

За следната година, од компанијата „KRKA“ најавија дека планираат да отворат 500 нови работни места во сите земји каде работи компанијата и да обезбедат средства за инвестиции во висина од 160 милиони евра.

Фармацевтската компанија откри дека во 2014 година, ќе инвестира и во истражувањата за подобрување на процесите за работа со цел подобрување на квалитетот на производите и пробивање на повеќе пазари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП