10 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ најави радикални промени

„Audi“ најави радикални промени

Кога компанијата од Инголштад ги претстави ознаките за моќност на моторот пред неколку години, тоа беше збунувачки за многумина.

Сепак, тоа не е ништо во споредба со промената на името на моделите која штотуку ја најави „Audi“.

Досега „Audi“ ја користеше ознаката „e-tron“ за своите електрични модели, а тоа дополнително ќе се менува во иднина. Добрата вест е што германската компанија го задржува добро познатиот систем за означување на алфанумеричкиот модел, но сега значењето значително ќе биде променето.

Како што дознава „Auto Bild“, тоа се две различни категории, кои Дузман ги објаснил вака: „Непарните броеви ќе бидат резервирани за моделите со мотор со внатрешно согорување, додека парните броеви ќе означуваат целосно електрични возила“.

Првиот модел кој ја прифати оваа иновација е „Audi A4“, кој во следната генерација ќе ја носи ознаката „A5“. Моделот „А6“ ќе стане „А7“, додека „А4“ и „А6“ ќе бидат електрични модели. На овој начин се напушта претходната логика каде моделите „А5“ и „А7“ се поврзуваа со купе верзиите со пет врати на седаните „А4“ и „А6“.

Се претпоставува дека истите правила ќе важат и за моделите со ознака „Q“, односно за гамата на „SUV“, каде работите би можеле да станат уште покомплицирани. Истовремено, треба да се има предвид дека „Audi“ ќе го задржи и името „e-tron“, кое како додавка во името постои повеќе од десет години, а дебитираше со хибридната варијанта на моделот „А3“.

Сè уште не е познато како „Audi“ ќе ги означува различните каросериски верзии во иднина. Дузман вети дека ќе го реши ова подоцна, но тврди: „Можете да се радувате на многу идни емотивни и перформанси варијанти“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП