20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕурибор штотуку стигна до „црната граница“: Корисниците на кредити треба да се...

Еурибор штотуку стигна до „црната граница“: Корисниците на кредити треба да се подготват за една лоша и уште една полоша вест

Еурибор, каматната стапка со која се поврзани сите кредити во евра, ја достигна „црната граница“ од 3%. Токму оваа стапка и граница најмногу плаши, бидејќи се покажа како најкритична за време на светската економска криза во 2008 година. Експертите се со поделени мислења – едни сметаат дека еуриборот ќе остане на ниво од 3%, додека други имаат многу помрачни прогнози и очекуваат оваа каматна стапка да расте. Сепак, во едно се согласуваат – вредноста на еуриборот сигурно уште нема да почне да паѓа.

Шестмесечниот еурибор го надмина нивото од три отсто, додека тримесечниот е на чекор од тоа – изнесува 2,99 отсто.

Минатата година, во јуни, еуриборот достигна позитивна вредност за прв пат од 2015 година, а бидејќи тоа влијае на висината на ратите на оние должници кои подигнале кредити во евра, со променлива каматна стапка – не е ни чудо што се стравуваше дека може да скокне до небо.

Не се реални шансите да го надмине историскиот максимум и да достигне ниво од повеќе од пет отсто, барем така мислат експертите, но немаат претерано добри вести ниту за должниците.

Стагнација, пад или понатамошен раст – што не чека?

Во текот на 2008 година, еурибор го достигна она што експертите го нарекуваат „просечна вредност“ – три проценти. Најдолго остана на тоа ниво, а историјата би можела да се повтори. Ако се остварат проекциите на експертите – ништо од пониските рати за кредит годинава.

„Во текот на целата година вредноста на еурибор ќе биде околу три, дефинитивно нема да падне“, вели Зоран Грубишиќ, професор на белградската банкарска академија.

Според неговото мислење, вредноста на оваа камата може само да расте, но тоа нема да бидат ниту големи ниту нагли скокови.

Многу експерти сметаат дека, според сите параметри, тука не е крајот на растот на еурибор, а со тоа и на кредитната војна.

Тие велат дека економските и политичките околности во светот се влошуваат, а смета дека целиот свет е на почеток на „економска војна”.

“Еуриборот ќе продолжи да расте во текот на годината. Со кое темпо никој не може да каже, но се плашам дека за должници со променливи каматни стапки во моментов немам добри вести“, заклучува професорот.

Кога се менуваат ратите и кој е безбеден?

Инаку, вредноста на Еурибор се менува речиси секојдневно. Сепак, тоа не значи дека ратите на должниците се менуваат секојдневно.

Еурибор како каматна стапка има повеќе вредности, но тримесечните и шестмесечните стапки се клучни за корисниците на кредити. Според тоа, конкретниот датум на усогласување на износот на ратата зависи од договорите што граѓаните ги имаат со своите банки. Кај некои ратата се менува четири пати годишно, а кај некои двапати.

Оние кои се поврзани со тримесечниот еурибор, ратите се коригираат на 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември, додека оние поврзани со шестмесечниот еурибор се усогласуваат на 30 јуни и 31 декември.

„Сигурни“ се само оние должници кои подигнале кредит во денари или со фиксна камата. Исто така, оние должници кои отплатиле голем дел од долгот имаат помалку причини за грижа. Имено, како што минува рокот на отплата, така се зголемува структурата на ратата што корисникот ја плаќа секој месец. Така, износот на каматата се намалува секој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП